Во Северна Кореја нема поголем ден од 15-ти април - раѓањето на основачот на нацијата Ким Ил Сунг.
Оваа година најважната личност во земјата не беше присутна.
Вообичаено, лидерот Ким Џонг Ун секоја година оддава почит во оваа Палата, каде се наоѓа балсамираното тело на неговиот дедо, но и на татко му.
„Одбележувањето на роденденот на Ким Ил Сунг е најголем празник во Северна Кореја. Невообичаено е Ким Џонг Ун да не присуствува на прославата на овој важен настан“, вели Френк Аум, експерт за Северна Кореја од Институтот за мир.
Неговото отсуство веднаш произведе шпекулации.
Дали починал при операција на срцето? Или поради откажување на бубрезите? Еден извештај отиде до таму да шпекулира повреда на Ким при неуспешен тест на проектил.
Се појавија и извештаи дека Ким се релаксира на плажа на приватното одморалиште во источниот крајбрежен град Вонсан.
„Не знаеме. Имам одлични односи со него. Не знам што се случува со него, но му посакувам се најдобро, рече неодамна претседателот Доналд Трамп.
Ова не прв пат севернокорејскиот лидер да го снема од јавноста. Дури не е ниту најдолго отсуство.
Кога станува збор за состојбата со Врховниот лидер, мислам дека само пет лица во Северна Кореја знаат што точно се случуваПарк Вонг Гон, професор на Универзитетот „Хандонг“ во Јужна Кореја
Во јануари, Ким го немаше 21 ден. Минатиот мај беше отсутен 22 дена. Во септември 2014-та, го немаше 40 дена.
Во 2014-та, се појави со бастун. Државните медиуми опишаа дека има „мала нелагодност“.
„Сега има вишок килограми и забележливо е дека има некој проблем. Сите знаат дека не е во добра состојба“, вели Парк Вон Гон, професор на универзитетот „Хандонг“ во Јужна Кореја.
Но, професорот Парк Вонг Гон предупреди од пребрзи заклучоци.
„Кога станува збор за состојбата со Врховниот лидер, мислам дека само 5 лица во Северна Кореја знаат што точно се случува“.
Ако Ким е надвор од сликата, нејасно е кој ќе го замени. Неговите деца се премлади. Брат му Ким Џонг Чул не е политички активен. Вујко му Ким Пјонг Ил е пензионер и нема авторитет.
Ако Ким е надвор од сликата, нејасно е кој ќе го замени.
Неговите деца се премлади. Брат му Ким Џонг Чул не е политички активен. Вујко му Ким Пјонг Ил е пензионер и нема авторитет.
За некои најверојатна опција е сестра му Ким Јо Џонг, но таа може да се соочи со тешкотија да обезбеди поддршка во општество каде доминираат мажите.
Ваквата ситуација ја отвора можноста за прв пат во историјата на Северна Кореја, врховниот лидер да не биде член од семејството Ким. Некои стравуваат дека е можна битка за власт.
„Тоа може да води до политичка нестабилност. Може да води до голем бран бегалци. Поради недостиг на безбедносни мерки околу нуклеарната програма на Северна Кореа, може да дојде до пролиферација на украден нуклеарен материјал“, вели експертот Аум.
Затоа, светот, со внимание следи - кога и во каква состојба ќе се појави Ким Џонг Ун.