Линкови за пристапност

Брнз: Владините лидери да се соочат со реалната тежина на реформите за влез во ЕУ


Периодот кој следи ќе биде од пресудно значење на иднината на Северна Македонија како просперитетен сојузник кој придонесува за стабилноста во регионот, истакна американската амбасадорка

Владините лидери, мора да се соочат со честите неусогласености меѓу високите очекувања кај јавноста за членство во ЕУ и реалната тежина на реформите кои треба да се спроведат како предуслов за влез, во Европска унија.

Ова, меѓу другото, го нагласи американската амбасадорка Кејт Брнз на денешното потпишување договор за грант за партнерство за развој меѓу Соединетите Американски Држави и Република Северна Македонија.

УСАИД со 8,3 милиони долари ќе помогне да се зајакне економската конкурентност, да се намали корупцијата во земјата и да се зголеми младинското учество во општествените текови


Амбасадорката во своето обраќање оцени дека земјава постигнала напредок по потпишувањето на Преспанскиот договор. Но, додаде дека периодот што ќе следи ќе биде од пресудно значење.

„Периодот кој следи ќе биде од пресудно значење на иднината на Северна Македонија како просперитетен сојузник кој придонесува за стабилноста во регионот. По попишувањето на историскиот Преспански договор во 2018 година, како и влезот во НАТО и зеленото светло за пристапни преговори со ЕУ во 2020 година, Македонија оствари евидентен чекор напред“.

Знаеме дека во иднина може да има предизвици, како што се корупцијата, непотизмот, дури и нефункционални институции, со што се попречува патот на Северна Македонија кон зацртаните цели
Кејт Брнз, Амбасадорка на САД во Северна Македонија


Брнз додаде дека се можни и бројни предизвици, при што ја посочи корупцијата како една од можните пречки.

„Овој чекор мора да се одржува и шансата мора да се искористи дури и во времиња полни предизвици. Знаеме дека во иднина може да има предизвици, како што се корупцијата, непотизмот, дури и нефункционални институции, со што се попречува патот на Северна Македонија кон зацртаните цели“, истакна Брнз.

Договорот беше потпишан од страна на министерот за финансии Фатмир Бесими и претставникот на Канцеларијата на УСАИД, Ерик Јановски.

Според планираното, УСАИД со 8,3 милиони долари ќе помогне да се зајакне економската конкурентност, да се намали корупцијата во земјата и да се зголеми младинското учество во општествените текови.

XS
SM
MD
LG