Живот во пет квадрати. Вака Муаз Мамути од Скопје ги опишува четиринаесетте дена поминати во државен карантин. Наместо дома, по враќањето од Австрија, организирано со уште 180 други лица, биле однесени во еден од хотелите во Струга. Во соба биле по двајца, без можност за контакт со остантите.
Полиција има на секој кат, која контролира да не прави некој нешто и да не излегуваат. Да се седи 14 дена во една мала соба е малку тешко, бидејќи нема каде да излегуваш, освен да седишМуаз Мамути, Жител на Скопје, сместен во Струга
„Јадењето го носеа до вратата. Го оставаа таму и ние потоа излегуваме и го земаме. Така е редот, бидејќи не не’ оставаа да излегуваме никаде, освен во соба. Полиција има на секој кат, која контролира да не прави некој нешто и да не излегуваат. Да се седи 14 дена во една мала соба е малку тешко, бидејќи нема каде да излегуваш, освен да седиш“, вели Муаз Мамути од Скопје.
Климент Наумов од Охрид пак пандемијата на корона вирусот го затекнала во Франција, каде бил на студиски престој во високата хотелиерска школа во градот Авен. Две недели бил во голема неизвесност се’ до неговото враќање назад во земјава на 10 април, со хуманитарен лет од Париз. Сега е сместен во државен карантин во хотел во Велес.
„По слетувањето на авионот на скопскиот аеродром ни беа прочитани имињата и во групи од по дваесет лица, бевме испраќани во автобусите. Откако се сместивме не’ повикуваа еден по еден да се симнеме во лобито на хотелот за да ни биде извршен лекарски преглед. Не смееме да ги напуштаме собите, освен доколку некој нема потреба да му биде извршено тестирање за ковид, или доколку не му се влоши здравствената состојба“, вели охриѓанецот Климент Наумов.
ва време го користам да ги направам последните корекции на мојата докторска дисертација. Но исто така и да напишам по нешто за искуствата за мојот студиски престој во ФранцијаКлимент Наумов, охриѓанец, сместен во Струга
Климент објаснува дека самите се грижат за хигиената во собата. Секојдневно им биле доставувани средства за хигиена, а сметот го оставале пред врата.
Но, сепак во сето ова има и нешто позитивно. Муаз запознал нови пријатели. Климент пак вели дека планира да пишува мемоари.
„Можеше да се користи времето во читање книги и во физички активности, за да бидеш здрав“, вели Муаз.
„Ова време го користам да ги направам последните корекции на мојата докторска дисертација. Но исто така и да напишам по нешто за искуствата за мојот студиски престој во Франција и времето поминато во изолација на семејството на професорката Кристол, која несебично ме прифати. Времето во карантин тече малку побавно, но имаме време да размислуваме. Имам време да правам и по некоја физичка вежба колку да ја одржувам кондицијата“, објаснува Климент.
На првите групи од околу 2.000 лица кои се вратија од странство, а кои беа сместени во дел од хотелите низ земјава, им заврши државниот карантин.
На заминување за дома им беа направени дополнителни здравствени прегледи и дадени насоки, што понатаму доколку почувствуваат одредени симптоми. Тие сега ќе треба да поминат уште 14 дена во задолжителна домашна самоизолација, за што потпишале и соодветни документи.