Линкови за пристапност

Самоук уметник му дава нов лик на зеленилото во Охрид


Охриѓанецот Кадри Селман веќе неколку години создава уметност на невообичаен начин. Од грмушките и тревниците во градот прави фигури со различни форми

Туристи застануваат и се сликаат покрај грмушките во Охрид што добиле форми на животни и наликуваат на мала зоолошка градина. Кадри Селман, самоукиот уметник, е тој што по сопствена иницијатива почнал да создава нови форми во охридското градско зеленило.

Самоук уметник му дава нов лик на зеленилото во Охрид
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:37 0:00


Селман вели дека уште како мало дете му било желба да прави нешто по кое сите ќе го препознаваат. Фигурите почнал да ги изработува скришно без знаење на раководителите во претпријатието каде што работи.

„Почнав да работам со криење од раководителите. Ми даваа повод, ме учеа, вака се поткаструва, немој многу внатре, се суши расадникот. Со тек на времето ги научив. Имав желба, го видоа тоа раководителите и ме оставија да работам“, објаснува Селман.


Селман, кој работи во локалното комунално претпријатие во Охрид е уметник самоук. Иако по професија е текстилен и електро машински техничар, тоа никогаш не го работел.

Вели дека најголемо задоволство му е кога ќе види како луѓето се фотографираат покрај многубројните фигури, од кои посебен впечаток оставаат оние во форма на животни.

„Поминуваат гости тука со насмевка. Ми креваат рака, ме поздравуваат, се фотографираат. Ми зборуваат на англиски и германски јазик, иако јас не знам многу јазици“, раскажува уметникот.

За една фигура да го добие посакуваниот лик ни откри дека се потребни и по неколку месеци.

„Формата ја давам за десетина минути. И потоа секој ден ги поткаструвам за да може да се полнат отворите. Некаде за два- три месеци се добива убава форма, како што е мечето и другите садници“, истакнува Селман.

Градот го сакам. Не сум по богатство. Не сум богат човек. Ова ми е најмило овде во Охрид и сакам да направам нешто за градот и за народот
Кадри Селман, уметник со садници


Додава дека секој ден ги одржува садниците.

„Јас сум сам и немам помош. Но, Господ ми дал дарба, ова да го работам за посвета за Охрид, затоа што го сакам градот“, вели тој.

Досега изработил повеќе од 200 фигури на различи локации низ Охрид. И покрај тоа што имал понуди да работи надвор од државата, тој сепак решил да остане овде.

„Градот го сакам. Не сум по богатство. Не сум богат човек. Ова ми е најмило овде во Охрид и сакам да направам нешто за градот и за народот“, истакнува Селман.

Брои уште шест години до пензионерските денови, но вели ќе работи сè додека го држи здравјето, иако посакува да може овој занает да го пренесе на некој друг.

XS
SM
MD
LG