Линкови за пристапност

Дописот на Јанева за префрлање на предметите од СЈО во ЈО е логична постапка, смета премиерот Заев


Спротивставени толкувања за дописот на Јанева од притвор
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:58 0:00

За опозицијата, пак, дописот на Јанева е доказ за координираност меѓу власта и СЈО и за, како што велат, паника поради големиот скандал

За Фатиме Фетаи не е важно дали ќе гони таа, Вилма Русковска или некој друг, туку важно е тој што го прекршил законот да се соочи со последиците. Оваа изјава на обвинителката во СЈО е коментар по полномошното на притворената Катица Јанева за трансфер на сите предмети од специјалното во јавното обвинителство.


„Треба да ја гледаме онаа поголемата слика односно повисоката цел. Тоа е во моментов да изнајдеме начин да не дозволиме односно да спречиме тие што се огрешиле пред законот да не одговараат. Во таа насока, независно од тоа дали ќе биде одлуката дека ние ќе продолжиме да ги застапуваме тие предмети или пак други обвинители сепак таа одлука би било подобра од било кој друго решение коешто го посакуваат одредени политичари во моментот, а тоа е преку вешто искористување на одредени правни празнини и злоупотреба на нивната политичка моќ да дојдат до решение коешто ќе значи целосно или делумно одбегнување на кривичната одговорност“, вели Фетаи.


За премиерот постапката на Јанева е логична зашто и со предлог-законот за јавно обвинителство, за кој се уште нема договор, предвиден е трансфер на предметите на СЈО во обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција.

„Посакуваното решение е да се постигне договор, во самиот договор е предвидено предметите да преминат кај јавниот обвинител. Ако не се постигне договор, сегашните законски одредби велат дека предметите од СЈО треба да преминат во Јавното обвинителство. Правото на специјалниот јавен обвинител е опишано во Законот за јавното обвинителство и законски е дозволива одлуката на специјалниот јавен обвинител да ги предаде. Немаме контакти со Катица Јанева да прашаме зошто така постапила, но она што е очигледно е наближувањето на 15 септември кога завршува нејзиниот мандат и функцијата не може да ја пренесе на заменик или на избор на некој друг“, исстакна премиерот Зоран Заев.

За опозицијата дописот на Јанева е доказ за координираност меѓу власта и СЈО и за, како што велат, паника поради големиот скандал. Од ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да прецизираат до каде е преговарачкиот процес за законот – само велат дека интензивно се работи и дека засега нема договор.

XS
SM
MD
LG