Наместо престој во хотел или луксузен апартман, ноќевање во дрвени куќарки или шатор. Од место кое до скоро се користеше исклучиво за активности на извидниците од земјава, сега извидничкиот камп во Струга, нуди можности за еден поинаков одмор, активен односно авантуристички туризам. На гостите им се нудат триесеттина најразлични активности, од велосипедска тура околу Охридското езеро, сплаварење на реката Црн Дрим и ловење на риба, па се’ до курсеви и дегустација на локални специјалитети.
На гостите им се нудат триесеттина најразлични активности, од велосипедска тура околу Охридското езеро, сплаварење на реката Црн Дрим и ловење на риба, па се’ до курсеви и дегустација на локални специјалитети
„Беа идентификувани можности за нуркање, за изнајмување кајак кану, веслање, возење на велосипеди и изнајмување на велосипеди. Планинарски тури, планинарење и преживување во природа. Ги вклучивме параглајдерите, вклучивме членови на нуркачки клубови, нуркачки инструктори кои би можеле да даваат обука за нуркање“, вели Марјан Главинчески од извидничкиот одред „Крсте Јон“ од Струга.
Ниту пандемијата од ковид-19, во која се најдоа среде реализација на проектот, финансиран со средства од ЕУ и Светска банка, не ги попишмани, да направат нешто ново. Единствено од првичната идеја фокусот да бидат пред се’ странските гости, кампери или велосипедисти, актуелната ситуација ги натера првата година да се фокусираат на домашните гости.
Поентата беше да туристите кои доаѓаат овде, да имаат еден активен одморНикола Кукунеш, менаџер
„Последните 10 години сведоци сме дека е зачестено присуството на туристи кои поминуваат одредено време на овој дел од крајбрежјето на Охридското езеро. Но, она што им се нуди е само место каде можат да го паркираат своето возило. Поентата беше да туристите кои доаѓаат овде, да имаат еден активен одмор“, вели менаџерот Никола Кукунеш.
„Видовме на интернет слики од кампот. Ни се допадна и сакавме да видиме како е. Денес возевме велосипед до еден манастир, кој беше пет километри оддалечен од тука“, вели Тон-Христијан Голубов, турист од Штип.
Кампот е опремен со седум нови куќарки направени од дрво, фамилијарни шатори со кревети, а стариот извиднички дом сега е пренаменет во хостел за туристи.