Недостасува акт со кој се одлагаат изборите, вели универзитетскиот професор по безбедносни науки, Стефан Буџакоски, во изјава за Гласот на Америка.
„Тоа што го видовме е желба на политичките партии, оправдано во ситуацијата, меѓутоа треба да се донесе правен акт кој ќе го покрие тоа и ќе определи датум за одржување на изборите“, вели професорот.
Буџакоски истакнува дека тоа е задача на која, како што вели, треба да донесе уредба со законска сила и да го определи датумот за нови избори, а доколку се продолжи вонредната ситуација тоа да го направи повторно.
„На ваков начин, користејќи го правниот вакуум, ние немаме акт со кои ги одлагаме изборите“, вели Буџакоски.