Линкови за пристапност

Кој добива, кој губи од евентуална промена на изборниот модел?


Како ќе изгледа политичката сцена ако се смени изборниот модел?
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:33 0:00

Како ќе изгледа политичката сцена ако се смени изборниот модел?

Аналитичари сметаат дека не постои доволно политичка воља помеѓу големите политички партии да се промени веќе воспоставениот изборен модел

Иако до предвремените парламентарни избори на 12 април има речиси половина година, на нов изборен модел најверојатно ќе треба да се почека до некои следни избори, вели за Гласот на Америка, универзитетскиот професор по политичка теорија, Горан Шибакоски.

Според него иако има време, тешко е зa oчекување дека во овој период што останува, политичките партии ќе можат да се договорат.

„Постои временски рок тоа да се направи но и технички е тоа изводливо. Но мое мислење е дека не постои политичка воља помеѓу големите политички партии да се промени веќе воспоставениот изборен модел“, вели Шибакоски.

Интересот за да не се направи промена е пред сè затоа што со овој изборен модел, малите партии се принудени да се приклучат на овие две големи политички партии и да стапат во коалиција. Тие без другите би отпаднале во трката за да добијат барем пратеник или два во Собранието
Горан Шибакоски, Универзитетски професор


Тој додава дека со промена на изборниот модел големите партии би го изгубиле својот монопол кој сега го имаат, во однос на селекцијата на кандидати за пратеници.

„Интересот за да не се направи промена е пред сè затоа што со овој изборен модел, малите партии се принудени да се приклучат на овие две големи политички партии и да стапат во коалиција. Тие без другите би отпаднале во трката за да добијат барем пратеник или два во Собранието“, истакнува професорот.

Од владејачката СДСМ, велат дека тие се за воспоставување на една изборна единица. Од Алијанса на Албанците пак дека се за суштинска промена на изборниот законик со воведување на осум изборни единици со отворени листи.

„Секако дека изборниот закон се носи со консензус помеѓу сите политички партии. Јас се надевам дека во следниот период ќе се изнајде решение за избор на изборен модел кој ќе претставува подемократски начин на претставување на граѓаните во законодавниот дом“, вели Јован Митрески- координатор на пратеничката група на СДСМ кој додаде дека ставот на партијата и натаму е една изборна единица.


За новиот изборен модел се и од Алијанса на Албанците.

„Новина во овој предлог е дека сите изборни единици нема да даваат ист број на пратеници. Ќе даваат пратеници онолку колку што има гласови, односно пропорционално по бројот на гласови. Ова го предлагаме со цел да се избегне досегашната концентрација на пратеници само по главните центри. Со ова ќе има подобро присуство на пратеници од сите осум региони“, вели Сурија Рашиди, пратеник на Алијанса на Албанците.

Од ВМРО-ДПМНЕ се залагаат за мнозински изборен модел, односно да има онолку изборни единици колку што има и пратеници во Собранието, односно120. За ДУИ, пак, најдобар е системот со шест изборни единици.

Од ДИК велат дека се подготвени и овие избори да ги спроведат без разлика на тоа кој ќе биде изборниот модел.

XS
SM
MD
LG