Линкови за пристапност

Иванка Трамп на турнеја во Африка го промовира женското лидерство


Ќерката на американскиот претседател, во катедралата „Свето тројство“ во Адис Абеба положи венец во чест на загинатите во авионската несреќа во Етиопија

Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател, во катедралата „Свето тројство“ во Адис Абеба положи венец во чест на загинатите во авионската несреќа во Етиопија. Во катедралата таа се сретна и со етиопските религиски лидери.

Иванка, која е и главна советничка на Трамп, отпатува во Адис Абеба на самит посветен на африканските жени и нивна вклученост во економијата и управувањето.

Ќерката на американскиот претседател, посети и продавница за кафе, како и текстилна фабрика во главниот град на Етиопија. Во рамките на посетата таа ја промовира и 50-милионската иницијатива од нејзиниот татко за повеќе вработувања на жените во земјите во развој.

Очекувањата од Иницијативата се дека со помош на САД до 2025 година ќе биде достигната бројка од 50 милиони вработени жени.

Иванка Трамп во рамките на патувањето во Африка треба да се сретне и со претседателот и со премиерот на Етиопија.

XS
SM
MD
LG