Линкови за пристапност

Екипажот на Меѓународната вселенска станица се врати на Земјата


Ен МекКлејн од НАСА, командантот Олег Кононенко од руската вселенска агенција и Дејвид сен-Жак од Канадската вселенска агенција поминаа 204 дена во станицата

Екипажот од тројца астронаути од Меѓународната вселенска станица денеска слета безбедно во Казакстан. Ен МекКлејн од НАСА, командантот Олег Кононенко од руската вселенска агенција и Дејвид сен-Жак од Канадската вселенска агенција беа извлечени од капсулата кратко после слетувањето.

Како што објави НАСА, екипажот помина 204 дена во вселенската станица, при што околу Земјата орбитира 3.264 пати.

Според американската вселенска агенција, екипажот извршил повеќе експерименти , меѓу кои и тестирање мали уреди што би ја извршувале функцијата на човечки органи.

XS
SM
MD
LG