Линкови за пристапност

Таткото на жената што сака да се врати од ИСИЛ во САД го тужи Трамп 


Таткото и адвокатите тврдат дека таа е американски државјанин, бидејќи била родена во 1994 година во Њу Џерси, неколку месеци пред нејзиниот татко да заврши со дипломатска служба

Таткото на Хода Мутана, жената што се одметна во ИСИЛ, ја тужи администрацијата на претседателот Доналд Трамп зашто не ѝ дозволува да се врати во САД.

Тужбата, во име на таткото, Ахмед Али Мутана, ја поднесе Центарот за правна заштита на муслиманите во САД.

Претседателот Трамп му пренел на државниот секретар Мајк Помпео да не ѝ биде дозволено на Мутана да се врати во САД зашто по своја волја заминала во Сирија и преку социјалните мрежи повикувала на убивање луѓе од Западот.

Адвокатите на жената, која е родена во САД, а родила и дете во Сирија, велат дека е подготвена да ѝ се суди. Таткото и адвокатите тврдат дека таа е американски државјанин, бидејќи била родена во 1994 година во Њу Џерси, неколку месеци пред нејзиниот татко да заврши со дипломатска служба во САД.

Вообичаено, државјанство им се гарантира на сите што се под јурисдикција на САД. Но тоа нема да важи за Мутана доколку нејзиниот татко не служел како дипломат во времето кога била родена.

XS
SM
MD
LG