Линкови за пристапност

Буџакоски: Ако имаме само мерки што не се спроведливи, нема да дадат резултати


Треба да се внимава дали ние имаме доволно капацитети тоа да го спроведеме, за да може на крајот да речеме дека тоа дало резултати, вели универзитетскиот професор по безбедносни науки, Стефан Буџакоски во интервју за Гласот на Америка

Треба да се внимава дали ние имаме доволно капацитети тоа да го спроведеме, за да може на крајот да речеме дека тоа дало резултати, вели универзитетскиот професор по безбедносни науки, Стефан Буџакоски во интервју за гласот на Америка.

Интервјуто со него го направиме непосредно откако беше прогласена вонредна состојба во С. Македонија.

Што значи воведувањето на вонредна состојба во државата и што тоа ќе значи за граѓаните?

„Воведувањето на вонредна состојба во Македонија, значи дека Владата ќе има поголема можност од преземање на непосредни мерки за справување со кризата. И тие треба да бидат во два правци. Прво елиминирање на причините и последиците од корона вирусот кој донесе ваква состојба во Македонија и второто е стабилизирање на политичкиот, економскиот и другите системи кои мора да одат паралелно со овие мерки, бидејќи видовме дека постои нарушување посебно на економскиот систем, а тоа е базата за надградба на општеството“.

Се најавува дека 5000 војници од армијата ќе го преземат управувањето со зелениот појас на границата. Која ќе биде улогата на армијата, а која на полицијата во овој случај?

„Улогата на армијата до еден извесен период беше истата, да спречи илегално влегување на лица во Македонија. Се разбира ќе биде заради превенција на лица кои се сомнителни, односно заразени од корона вирусот, а тоа не е ништо ново. Тоа е заради олеснување на мерките кои ги презема полицијата на територијата на Македонија“.

Има ли земјава капацитет да се справи со една ваква состојба?

„Малку е финансискиот дел, меѓутоа треба поголема организација. Мерките треба да се планираат добро и тие треба да бидат во стварност спроведливи. Ако имаме само мерки кои не се спроведливи, тие нема да даваат резултати. Затоа треба да се добро испланирани и осмислени. Понатаму треба да се внимава дали ние имаме доволно капацитети тоа да го спроведеме, за да може на крајот да речеме дека тоа дало резултати. Предвидувањата се дека ова подолго ќе трае, па ќе видиме, како ќе се справиме ние како држава, иако како држава не зависи сè од нас. Видовме дека како вирус е донесен од надвор. Овие мерки би требало да дадат резултати, но последните бројки го кажуваат спротивното“.

Буџакоски: Ако имаме само мерки што не се спроведливи, нема да дадат резултати
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:24 0:00

XS
SM
MD
LG