Ние сме де факто членка на НАТО, де јуре - треба да се заокружи процесот, но тој процес е на прав пат, рече Бујар Османи, вице-премиер за евроатлантски интеграции во интервјуто за Гласот на Америка.
Во разговор со Јане Бојаџиевски, Османи ја оцени претстојната посета на државниот секретар на САД, Мајк Помпео, како знак за продолжителна поддршка на САД за регионот.
„Донесувањето на Законот за јавното обвинителство не е услов за добивање датум, но на земјите членки им е важно разрешувањето на случајот Рекет и усвојувањето на законот, зашто ќе покаже дали ќе има расветлување на случаите на кои работеше СЈО и дали оваа земја е способна да направи консензус за важни политички прашања“, рече вице-премиерот.