Линкови за пристапност

Александар Новакоски: ДИК целосно да се професионализира, политичките претставници да се без право на глас


Треба да се посвети внимание на избирачкиот список за секој да може да го оствари правото на глас, смета Александар Новакоски, поранешен претседател на ДИК во интервју за Гласот на Америка

Државната изборна комисија да ја водат исклучиво професионалци, а претставниците од политичките партии да немаат право на глас во рамките на Комисијата. Ова во интервју за Гласот на Америка го вели Александар Новакоски, поранешен претседател на ДИК.

Тој воедно додава дека во однос на избирачкиот список треба да се посвети внимание за секој да може да го оствари правото на глас.

Александар Новаковски, интервју за Гласот на Америка
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:52 0:00


Глас на Америка: Господине Новакоски, од позиција на поранешен претседател на ДИК, дали има време од сега до април да се спроведат успешни предвремени парламентарни избори без дамка?

Новакоски: Со оглед дека ДИК, заклучно од 2006 година е професионална, а последните неколку години е зголемен капацитетот, пополнети се сите испразнети места и затоа мислам дека може да се организираат изборите и може успешно да ја заврши работата овој состав на ДИК. Резултатот на тоа како ќе бидат овие избори го чинат многу сегменти, пред сè тука е односот на политичките партии, кои во претходните избори, на пример претседателските, покажаа дека може да се спроведат добри избори. Во однос на оценката дали тие ќе бидат согласно сите европски стандарди, може да се каже дека ние се уште не ги имаме исполнето нив. Не знам во овој период кога немавме избори, дали се средија тие работи“.

Глас на Америка: Кој е вашиот став како да функционира во иднина ДИК?

Mојата идеја овде е да има претседател кој ќе биде професионално и може да бидат уште четири членови кои ќе бидат таму професионално, додека политичките партии може само да именуваат свои претставници во работата, но да немаат право на глас
Александар Новакоски


Новакоски: Јас сум за целосна професионализација на ДИК, бидејќи како што доаѓа времето мислам дека тоа ќе биде клучно. Администрацијата веќе треба да е професионална. Таму имаме државни службеници кои се професионално и кои не смеат партиски да се активни. И состав на ДИК, мојата идеја овде е да има претседател кој ќе биде професионално и може да бидат уште четири членови кои ќе бидат таму професионално, додека политичките партии може само да именуваат свои претставници во работата, но да немаат право на глас.

Глас на Америка: Дали е можно да има прочистување на избирачкиот список, бидејќи ова прашање секогаш беше актуелно во изминатите изборни циклуси?

Новакоски: За точноста на избирачкиот список, секогаш треба тие кои се одговорни, а сега тоа е ДИК, да излезат со став, во каква состојба е избирачкиот список и дали е редовно ажуриран. Треба да се обрне внимание и на забелешките на ОБСЕ и ОДИХР, а тоа е дека голем број граѓани беа избришани од избирачкиот список и не го остварија своето право на глас. Се отиде на една активност, дека по секоја цена треба да се намали бројката во списокот, бидејќи не соодветствувала со пописот. Тоа е како да споредувате јаболко со портокал. Тоа е сосема различна операција. Затоа мислам дека сега треба да се обрне внимание да нема човек кој не може да го оствари правото на глас.

Глас на Америка: Со оглед на тоа дека вие сте адвокат на еден од осомничените во случајот „Рекет“, а тоа е Зоран Милески Кичеец, каква разврска очекувате и дали може да се очекува продлабочување на истрагата во оваа афера?

Новакоски: „Отпаѓаат сите шпекулации дека јас и мојот клиент сме направиле некаква спогодба. Сега е во фаза на оценка обвинителниот акт и очекувам да се закаже расправа, бидејќи истрагата е завршена. Во однос на инволвираноста на други лица, во однос на овој случај во кој сме јас и мојот клиент, се само тројца обвинети. Знам дека има истраги во други случаи, каде се инволвирани други лица. За делото за кое му се става на товар, мислам дека не држи таа квалификација. Мислам дека сериозно беше зададен удар врз нашата одбрана со голем притисок, за наводно дека нема исказ, каков исказ, кои докази ние сме ги доставиле како одбрана, што е малку дискутабилно, а тоа некои институции им го овозможија на другите во овој случај. И мислам дека од старт е повредено правото на нашата одбрана.

XS
SM
MD
LG