Линкови за пристапност

Плива во студени води: Последни подготовки на Арсова за освојување на врвот на Антарктикот


Илина Арсова се подготвува за освојување на врвот на Антарктикот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:21 0:00

Илина Арсова се подготвува за освојување на врвот на Антарктикот

Со интензивен тренинг што опфаќа трчање, јога, вежби, како и пливање во студените води на Охридското Езеро, алпинистката Илина Арсова се подготвува за скорешната тешка мисија

Алпинистката Илина Арсова ги прави последните подготовки пред заминувањето во декември за Антарктикот, каде во декември како дел од тричлена меѓународна експедиција, ќе се обиде да го искачи највисокиот врв таму - Винсон. Со ова таа ќе ја оствари својата цел, да го реализира проектот седум врвови на седум континенти.

Арсова досега се искачила на највисокиот врв во Јужна Америка, Аконкагва, 6.962 метри во 2011 година, во 2012 година на Килиманџаро во Африка со 5.895 метри, 2013 година Монт Еверест во Азија со 8.848 метри, Елбрус во Европа, 5.642 метри, во 2014 година, Денали во Северна Америка, со 6.195 метри височина во 2016 година и во 2019 година на Карстните пирамиди во Австралија со 4.884 метри надморска височина.

Мислам дека сум подготвена. Ќе ја крунисаме заедно оваа моја мисија и ќе донесам еден нов спортски резултат со кој ќе се гордее нашата држава
Илина Арсова, алпинистка


„Мислам дека сум подготвена. Ќе ја крунисаме заедно оваа моја мисија и ќе донесам еден нов спортски резултат со кој ќе се гордее нашата држава“, вели Арсова.

Арсова е првата Македонка која се качи на највисокиот врв на планетата, Монт Еверест. Таа деновиве во Охрид се подготвува за заокружување на својот животен предизвик, проектот седум врвови на седум континенти.

За тоа да го направи, останува да стигне уште до највисокиот врв на Антарктикот, Винсон, откако изминатите години се искачи на највисоките точки на останатите шест континенти.


„Еден од тренинзите кои оваа година го практикувам за Антарктик е пливање во студените води на Охридското езеро. Оваа година си поставував нови предизвици и пливав и по повеќе километри“, вели Арсова.

Иако, Винсон со 4.882 метри е најнизок во однос на останатите шест врвови, вели дека станува збор за една од технички најтешките експедиции, не само поради суровите услови туку и поради немањето многу начини да се стигне до таму.

„Може да се очекува температури и до минус 50 степени, иако сега во декември кога е планирано заминувањето, се претпоставува дека таму е лето. Планината е глечер. Глечерот има пукнатини, треба да се внимава како се оди во глечерот. Има и стрмни делови каде се обезбедуваме со јаже“, објаснува алпинистката.


Само 416 луѓе од цел свет, од кои шеесет жени досега го направиле овој подвиг.

Сето ова што го прави вели e со мисија за промовирање и на родовата еднаквост во спортот и зајакнување на жените во спортот, што било дел и од глобалната светска менторска програма на Стејт Департментот на САД, каде била алумни во 2012 година.

„Од тогаш посветено работам, да ги поттикнам жените и да ги активирам жените повеќе да се вклучуваат во спорт. Посебно во нашите спортови, постои голема родова нееднаквост. Само 10% од искачувањата на високите врвови се направени од жени“, вели Арсова.

Илина на Винсон ќе биде дел од тричлена интернационална експедиција.

XS
SM
MD
LG