Линкови за пристапност

Десетти декември – Ден на заштитата на човековите права


Целиот наш систем, заедно со Уставот, се заснова на неотповикливи вредности – заштита на човековото достоинство и на личноста, вели Роберт Дестро од Бирото за демократија, човекови права и труд

На 10 декември 1948 година беше потпишана Декларацијата за заштита на човековите права. Во САД човековите права имаат главно место во Уставот и во целиот уредувачки систем.

Роберт Дестро, помошникот секретар од американското Биро за демократија, човекови права и труд ја нагласува потребата од заштита на човековите права во САД и низ светот.


„Човековите права се од големо значење за американската влада, бидејќи целиот наш систем, заедно со Уставот, се заснова на неотповикливи вредности – заштита на човековото достоинство и на личноста. Затоа и нашето право е еден човек, еден глас, бидејќи секоја личност е значајна“, вели Дестро.

Помошникот секретар ја нагласува потребата од почитување на вредностите што се инкорпорирани во Декларацијата за човекови права.


Тој додава дека тоа подразбира избегнување тортура, можност за фер судење, право за фер труд, слобода на говор, слобода на печатот, слобода на поврзување, религиска слобода.

„Владата на САД ги користи можностите да ги потсети другите влади дека имаат обврска да ги заштитат нивните граѓани. Без оглед дали се работи за работнички права, за фер судења или за заштита од тортура и убиства“, објаснува Дестро.

Тој додава дека најдобар начин да се разберат човековите права е човек да се однесува кон другите како што би сакал тие да се однесуваат кон него.

XS
SM
MD
LG