Линкови за пристапност

Се урна хеликоптер врз облакодер на Менхетн – еден загинат


После падот на леталото избил пожар, но бргу бил ставен под контрола. Од силината на ударот, се затресла целата зграда, висока 51 кат

Хеликоптер се урна врз покрив од облакодер на Менхетн во Њујорк, пренесе Асошиејтед прес. Во несреќата загинал пилотот, потврдиле од њујоршкиот противпожарен оддел.

Несреќата се случила околу два часот попладне, на неколку блока од центарот Рокфелер и Тајм Сквер.

После падот на хеликоптерот избил пожар, но бргу бил ставен под контрола. Од силината на ударот, се затресла целата зграда, висока 51 кат.

Бројни против пожарникарски возила се распоредени околу седмата авенија на Менхетен.

Засега нема информации за повредени и загинати од зградата. Според првичните сознанија во хеликоптерот немало други патници освен пилотот.

Причините за несреќата сè уште се непознати.

XS
SM
MD
LG