Линкови за пристапност

Хедер Конли: Негативен одговор од ЕУ може да доведе до хаос и колапс на владата во Скопје


Хедер Конли: Хаос и пад на владата во Скопје се потенцијална закана ако нема позитивен одговор од ЕУ
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:13 0:00

Ќе биде критично ако нема покана. Тоа ќе биде јасна порака дека можете да преземате тешки чекори и на крај да не бидете наградени, вели во интервју за Гласот на Америка вишата потпретседателка за Европа, Евроазија и Арктик Хедер Конли од Центарот за стратегиски и меѓународни студии.

Хаос и колапс на владата во Скопје се потенцијална закана доколку ЕУ не даде зелено светло за почеток на преговори со Северна Македонија. Ова го смета Хедер Конли, виша потпретседателка за Европа, Евроазија и Арктик од Центарот за стратегиски и меѓународни студии.

Во интервјуто, што со неа го правеше Дино Јахиќ, Конли зборува за ситуацијата на Западен Балкан, при што во делот за Северна Македонија нагласува дека е неопходно што поскоро да заврши процедурата за прием на земјата во НАТО, како и за добивање датум од ЕУ за преговори.


„Треба да биде наградено тоа што го постигнаа Северна Македонија и Грција со Договорот од Преспа и ставија крај на 27-годишниот спор. Битно е да се нагласи дека постапката во НАТО беше брза. Речиси секоја членка на НАТО, го ратификуваше договорот. Комисијата за надворешни работи при Сенатот на САД, исто така даде зелено светло. Недостасува уште гласањето во Сентот. Верувам дека тоа е поради други бројни домашни политички предизвици и случувања. Но, во право сте. Сенатот треба што поскоро да ја направи таа работа. Мислам дека има уште две земји во кои треба да помине низ парламентарните процедури. Но, се надевам дека најдоцна до пролет, 2020 година, ќе ѝ посакаме добредојде на Северна Македонија како 30та членка на НАТО“, вели Конли.

За ЕУ вели дека се соочува со голема одлука, но и со нарушена согласност во однос на проширувањето на Унијата.

„Голема одлука ѝ претстои и на Европската Унија за отворање на пристапните преговори. Консензусот за проширување е ослабнат во рамките на ЕУ. Го гледате ставот на Франција која смета дека Унијата, доколку не се реформира самата себе, не треба да прима нови членки. Сега, чекаме на сигналот“, вели Конли.

Ќе биде критично ако нема покана. Тоа ќе биде јасна порака дека можете да преземате тешки чекори и на крај да не бидете наградени. Тоа ќе биде разочарувачки
Хедер Конли, Центар за стратегиски и меѓународни студии


Таа предупредува на можни несакани последици од евентуалниот негативен одговор од ЕУ.

„И натаму ќе бидам оптимист и се надевам дека ЕУ ќе ги отвори вратите за Северна Македонија. Ќе биде критично ако нема покана. Тоа ќе биде јасна порака дека можете да преземате тешки чекори и на крај да не бидете наградени. Тоа ќе биде разочарувачки. Можеме да видиме и потенцијален колапс на владата во Скопје и хаос. Значи, влогот е голем и се надеваме дека ЕУ ќе донесе позитивна одлука за Северна Македонија“, заклучува Конли.

XS
SM
MD
LG