Линкови за пристапност

Американците што беа уапсени со оружје во Хаити се вратија во САД


Властите во Хаити, уапсените ги нарекоа платеници и терористи, чија задача, како што се тврди, била да ја дестабилизираат владата

Во САД се вратија петмината американски државјани што беа уапсени во Хаити откако кај нив беше пронајдено автоматско оружје и други парчиња вооружување.

Тие се дел од осумчлена група што беше уапсена минатата недела. Според официјални лица од САД и од Хаити, американските државјани го напуштиле главниот град Порт-о-Пренс во средата попладне, пред нивното закажано судско рочиште.

Властите во Хаити, уапсените ги нарекоа платеници и терористи, чија задача, како што се тврди, била да ја дестабилизираат владата.

Апсењето следеше после насилните демонстрации што траеја повеќе од една недела, а на кои се бараше оставка од претседателот Жовенел Моиз поради зголемата инфлација и корупцијата во земјата.

XS
SM
MD
LG