Линкови за пристапност

Мицотакис ја презеде власта во Грција


Новиот грчки премиер е син на поранешниот грчки премиер, Константинос Мицотакис, брат на поранешната министерка за надворешни работи Дора Бакојани, како и вујко на новиот градоначалник на Атина

Конзервативниот лидер на грчката опозиција Кирјакос Мицотакис ја презеде власта во Грција, откако го победи Алексис Ципрас на вчерашните предвремени парламентарни избори.

Со повеќе од деведесет отсто пребројани гласови, Нова Демократија на Мицотакис има освоено 39,8 проценти, додека Сириза на Ципрас 31,6 проценти од гласовите.

Мицотакис во својот победнички говор истакна дека почнува тешка, но убава борба за Грција. Како и дека грчките граѓани заслужуваат подобар живот.

Според освоените гласови, неговата партија ќе има 158 од 300 пратенички места во парламентот.

Новиот грчки премиер има 51 година, а дипломирал на универзитетот Харвард во САД. Тој е син на поранешниот грчки премиер, Константинос Мицотакис, брат на поранешната министерка за надворешни работи Дора Бакојани, како и вујко на новиот градоначалник на Атина, Коста Бакојани.

XS
SM
MD
LG