Министрите за финансии од Евро-зоната објавија дека Грција мора да усвои строги мерки за штедење пред да добие 17 милијарди долари итна финансиска помош од ЕУ за отплаќање на долгот и стабилизрање на економијата.
На средбата во Луксембург, по повеќечасовни разговори, министрите за финансии го одложија до почетокот на јули доделувањето на следната рата од пакетот вреден 160 милјарди долари.
Грчкиот премиер Јоргос Папандреу се соочува со гласање за доверба за работењето на неговата влада. Тој ги повика законодавците на итно усвојување на неговиот пакет за намалување на трошоците и зголемување на даноците.
Непопуларните мерки на штедење предизвикаа неколкунеделни протести во Грција.
Премиерот Папандреу предупреди дека земјата се соочува со банкротство и дека следи понатамошно задолжување ако не успее да добие нов пакет финансиска помош.
Некои економисти предупредуваат дека грчката криза со презадолженост ќе ги принуди банките да не позајмуваат пари на други нации со слични проблеми, а дека тоа ќе се одрази на забавување на економскиот растеж ширум светот. Ваквата загриженост веќе предзвика пад на акциите на светските берзи и цената на енергенсите, но и ја зголеми загриженоста за способноста на Ирска и Португалија да ги вратат сличните заеми финансиска помош.