Линкови за пристапност

Чиj е Гоце Делчев: Македонско-бугарската комисија ги вкрсти фактите


Чиј е Гоце Делчев: Македонско-бугарската комисија ги вкрсти фактите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:32 0:00

Од осмата по ред средба на македонските и бугарските историчари се очекува конкретен напредок за најжешките теми. Експертите пак бараат, фактите да надвладеат над политиката

Со научни факти, а не со гласот на политиката да се пристапи кон решавање, на сите отворени историски прашања меѓу Северна Македонија и Бугарија, бидејќи само така може да се дојде до решение. Ова е ставот на дел од експертската јавност во земјава, додека во Охрид, историчарите од двете држави ги пеглаат несогласувањата околу Гоце Делчев и содржините на учебниците по историја.

Во меѓувреме ситуацијата ја комплицираат и дваесетината барања кои Владата во Софија, ги постави како основа за евроинтеграциите на земјава. Извори за Гласот на Америка информираат дека сето тоа негативно влијаело и на атмосферата внатре во македонско-бугарската комисија за историја.

Во секоја држава има етно декадентни и митолошки барања кои немаат основа. Јас мислам дека ќе се повлечат и дека ќе се вразумат и дека нема да има проблеми и дека заеднички ќе се реши сè
Зоран Матоски, Универзитетски професор


„Одредени барања не се реални. Во секоја држава има етно декадентни и митолошки барања кои немаат основа. Јас мислам дека ќе се повлечат и дека ќе се вразумат и дека нема да има проблеми и дека заеднички ќе се реши сè. Сигурен сум дека ќе се реши овој проблем и дека Гоце Делчев ќе се третира како заедничка историска личност и дека нема да има никаков проблем“, вели универзитетскиот професор Зоран Матоски.

Професорот Ратко Дуев, пак, дава пример и од стари новинарски написи.

„Науката работи со факти. Ако се потпреме на науката, ќе ги разрешиме проблемите, но ако влегуваме во доменот на политиката, секогаш ќе останат проблемите. Кога почна дигитализацијата на „Њујорк Тајмс“ ги најдовме написите кои ги пишувале американските новинари од Солун. Ако тој Американец, кој првпат стигнал во регионот, претпоставува дека е некој македонски водач, што да одиме понатаму“, вели Дуев.


Заедничката македонско-бугарска комисија за историја треба утре да соопшти дали и за кои прашања има напредок во преговорите. Главна тема останува прашањето за Гоце Делчев.

Премиерот, Зоран Заев рече дека комисијата досега постигнала согласност за шест историски личности и четири периоди.

Александар Кржалоски, извршен директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка рече дека последните случувања покажуваат дека Договорот за добрососедство со Бугарија бил повеќе од политичка природа, отколку вистински да се разбереме.


„Очекувам да има реакција и од ЕУ во однос на ова, но не очекувам голем притисок од нив. Ќе остават пак на нас да ги разрешиме работите. Сметам дека за ЕУ, тоа е завршена работа, има договор, а како ние понатаму тоа ќе си го толкуваме, билатерално ќе остане на нас. Секако освен ако Бугарија оди до таму и прави пречка за отворање на следните поглавја“, вели Кржалоски.

Инаку официјална Софија, како услови за членството во ЕУ, од земјава бара да се откаже од признавањето на македонското малцинство во Бугарија, да го отстрани терминот „бугарски фашистички окупатор“ од текстовите во учебниците и натписите на спомениците, но и да се откаже и од терминот „македонски јазик“, а во ЕУ да се користи формулацијата „службен јазик на Република Северна Македонија“.

XS
SM
MD
LG