Линкови за пристапност

Гласот на Америка на преминот Ќафасан: Засилени проверки на патниците за коронавирус


Полициските службеници се заштитени со маски и ракавици, а постојат и соби за изолација на ризични пациенти. Низ овој премин поминуваат доста патници кои доаѓаат од Италија

Со заштитни маски и ракавици се штитат полициските и царински службеници на граничниот премин Ќафасан кај Струга од новиот Корона вирус. Се вршат и засилени гранични проверки на влез во државата и скенирање на патниците особено на оние кои доаѓаат од ризични подрачја. Преку разговор добиваат информација од каде доаѓаат дали, имаат постојан или привремен престој или патувале туристички.

Го тргаат лицето на втора линија на контрола и полицискиот службеник остварува контакт со подрачниот центар за јавно здравје, каде се добиваат насоки за понатамошно постапување
Златко Кешароски, командир


„Доколку се добијат информации дека тие имале контакт со лица кои биле заболени или истите се пожалат дека имаат повишена температура или здравствени проблеми, го тргаат лицето на втора линија на контрола и полицискиот службеник остварува контакт со подрачниот центар за јавно здравје, каде се добиваат насоки за понатамошно постапување“, вели Златко Кешароски, командир на полициската станица на граничниот премин „Ќафасан“.

На видни места се поставени и постери со препораки за заштита. Одредена е и посебна просторија за изолација, каде се сместуваат патници за кои ќе се констатира дека имале контакт со заразени лица или ќе се пожалат на одредени здравствени тегоби. Низ овој премин поминуваат доста патници кои доаѓаат од Италија.


„Тие претходно поминуваат преку Драч, каде исто така им се врши контрола и на граничниот премин Ќафасан на албанска страна. Ние им доаѓаме како трет филтер. Во последно време имаме пет до шест патници наши државјани кои се враќаат во родниот крај“, додава Кешароски.

Патниците со кои зборувавме велат дека се потребни уште позасилени контроли.

„Денес од Албанија одам за Тетово. Ме прашаа само од каде доаѓам од Италија или не“, ни рече еден од патниците.

„Ме прашаа, дали сум болен. Ми мереа температура. Им дадов име и презиме. Тоа беше на албанска страна. Треба и на македонска страна да има лекари. Штом на таа страна има треба и на наша да се воведе и да водат повеќе евиденција“, вели друг патник.

Гласот на Америка на преминот Ќафасан: Засилени проверки на патниците за коронавирус
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:41 0:00


На Ќафасан се бележи намалување на бројот на патници од почетокот на март за цели 31%. Тоа се поврзува и со појавата на коронавирусот во Северна Италија.

Од Ќафасан кој е најфрекфентниот граничен премин со Албанија во овој период од годината дневно поминуваат помеѓу 2.500 и 2.900 патници. Во меѓувреме Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги зајакне контролите на граничните премини при излез од државата, особено контролата на автобускиот превоз и дестинацијата.

XS
SM
MD
LG