Отворен Балкан, е името на иницијативата за регионално поврзување, за соработка и слободен проток на патници и услуги меѓу Северна Македонија, Србија и Албанија.
Поврзувањето денеска го договорија македонскиот премиер Зоран Заев, српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама во рамките на Економскиот форум што се одржува во Скопје.
„Наместо ѕидови, денеска изградивме нови мостови. Отворен Балкан оди напред. Соработката ќе ја прошириме на полиња битни за нашите граѓани, за нашите општества“, рече Заев на промоцијата на иницијативата.
„Ова е фантастична визија и мораме од името на нашите граѓани да испорачаме резултати“, истакна Вучиќ.
„Ова е движење за иднината. Граѓаните не смеат да бидат поставени во улога на заложници“, рече Рама.
Според дел од новитетите од оваа иницијатива, се очекува до 2023 година да се овозможи целосно ослободен прекуграничен проток на граѓаните од трите земји.