Линкови за пристапност

Изградбата чинеше повеќе од 33,5 милиони евра: Протечените тавани во МНТ, како хорор сцена


MNT
MNT

Од корен се санира дел од зградата на Македонскиот народен театар, чија изградба чинеше повеќе од 33,5 милиони евра, во рамките на проектот „Скопје 2014“. Протекувањето во фоајето стана опасно и за публиката и за луѓето во театарот

Изразот од ликовите на ова рекламно платно од некогашна претстава најреално ја отсликува драматичната ситуација во која подолг период се наоѓа зградата на Македонскиот народен театар.

Изградбата чинеше повеќе од 33,5 милиони евра: Протечените тавани во МНТ, како хорор сцена
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:34 0:00


„Со текот на времето, од помало протекување, сега чувствуваме неверојатно лоши последици и буквално дел од фоајето се поплавува“, вели Гунтер Кубе, технички раководител на МНТ.

Повеќе од две милијарди денари (2.071.514.556 денари), или повеќе од 33,5 милиони евра преку Министерството за култура се потрошени за изградбата на објектот во рамките на проектот „Скопје 2014“.


Театарската зграда беше отворена во 2013 година, а денес дел од просториите изгледаат како извадени од хорор претстава. Одронети тавани, ѕидови набабрени од влага, вода покрај самите електрични инсталации. Дел од театарската сценографија, пак, пренаменета за заштита на скапиот ентериер.

„Повеќе пати се правени делумни санации, како од изведувачот, така и од неговите подизведувачи. Дел од нив беа во рамките и на гаранцијата што следи со објектот. Но, ниту еден од тие зафати не го реши проблемот во целост“, додава Кубе.

Се прави тотална реконструкција и санација на терасата. Понатаму санација и на ентериерот, зашто и тој е прилично оштетен и со тоа очекуваме дека овој проблем, еднаш засекогаш, конечно ќе се реши.
Гунтер Кубе, Технички раководител на МНТ


Како што велат од МНТ, проблемот доаѓа од терасата на северната страна, каде хидроизолацијата не била поставена соодветно. Деновиве почна нејзина целосна санација и тоа со сума од 1.200.000 денари, добиени од Министерството за култура.

„Санацијата е од поголем карактер. Се прави тотална реконструкција и санација на терасата. Понатаму санација и на ентериерот, зашто и тој е прилично оштетен и со тоа очекуваме дека овој проблем, еднаш засекогаш, конечно ќе се реши“, истакнува техничкиот директор.

Според директорката на МНТ, Симона Угриновска, сегашната санација е само еден дел од поправките што треба да се направат во зградата. Во телефонскиот разговор ни рече дека на прво место го ставиле протекувањето, за да се гарантира безбедноста на публиката и на луѓето во објектот.


Оштетувања се видливи и од надворешната страна на театарот, на фасадата и оградата.

Средствата за сегашната санација се одобрени од Министерството за култура. Од таму ни рекоа дека до нив не е пристигната информација за други делови од зградата кои се оштетени. Од ресорното министерство додадоа и дека МНТ има обврска да се грижи за тековно и инвестициско одржување на објектот.

Во театарот моментално не се изведуваат претстави, а новата сезона се очекува да почне наесен со редовен репертоар.

XS
SM
MD
LG