Пандемија од коронавирус и затворени граници ја намали миграцијата, но сепак не ги обесхрабри целосно мигрантите од Блискиот исток да стигнат до западноевропските земји. За дел од нив, маршрутата и натаму е Северна Македонија.
„Здраво. Како си мамо? Јас сум добро сега, пред два дена дојдов овде. Многу сум благодарен за помошта“.
Ова e пораката што 27-годишен Авганистанец ја испрати на неговите најблиски по неговото пристигнување неодамна во земјава во домот на хуманитарката Ленче Здравкин. Тој е само еден од бројните мигранти што се обидуваат да најдат пат до западноевропските земји, иако границите се затворени поради коронавирусот.
„За нив оваа ситуација не е ништо посебна. Секогаш е тешко да се продрат на граничните премини“, вели хуманитарката Ленче Здравкин.
Секој мигрант кој периодов се прима во транзитно прифатните центри Винојуг и Табановце во земјава, според протоколот останува во 14 дневен карантин, се’ додека не му помине задолжителната самоизолација. Им се прават тестови и ако се негативни потоа се пуштаат
Од невладините организации велат дека бројот на мигранти кои во моментот поминуваат низ земјава не е зголемен. Дополнително камповите во Грција каде има околу 60.000 бегалци се затворени, а на луѓето не им било дозволено да излегуваат надвор од нив.
„И бегалците и мигрантите кои беа на грчко-турската граница се повлекоа на турската територија. Во секој случај пандемијата само ги доведува во поголем ризик бидејќи ако не се видливи за системот, не се видливи и за нас, кои можеме да ги заштитиме. Единствен влез во Македонија ако сте бегалец или мигрант е нерегуларно движење“, вели Мерсиха Смаиловиќ од невладината организација „Легис“.
Секој мигрант кој периодов се прима во транзитно прифатните центри Винојуг и Табановце во земјава, според протоколот останува во 14 дневен карантин, се’ додека не му помине задолжителната самоизолација. Им се прават тестови и ако се негативни потоа се пуштаат.
Самите трошоци за криумчарење чинат како се префрлаат од граница до граница. Еден граничен премин е 800 евра, друг граничен премин исто така, значи цената не е веќе од тука, па до Германија, туку секој граничен премин посебно им го тарифираатМерсиха Смаиловиќ - невладина организација „Легис“
Смаиловиќ вели дека бегалците и понатаму се изложени на криминални дејствија и дека тарифата која тие сега ја плаќаат за да стигнат до крајната дестинација е различна од граница до граница.
„Во 2016 година кога се затвори Балканската рута, нивното движење е многу потешко. Самите трошоци за криумчарење чинат како се префрлаат од граница до граница. Еден граничен премин е 800 евра, друг граничен премин исто така, значи цената не е веќе од тука, па до Германија, туку секој граничен премин посебно им го тарифираат“, вели Смаиловиќ.
И Смаиловиќ и Здравкин, не очекуваат нагло зголемување на бројот на мигранти кои би поминувале низ нашата територија, во текот на летните месеци.