Линкови за пристапност

Мендух Тачи за Гласот на Америка: Не затворам врата за заеднички настап со СДСМ на парламентарните избори


Интервју со Мендух Тачи: Не затворам врата за заеднички настап со СДСМ на изборите
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:11 0:00

Интервју со Мендух Тачи: Не затворам врата за заеднички настап со СДСМ на изборите

Aко СДСМ, сакаат да почнат сериозни разговори со нас, треба да имаат јасни пораки дека не планираат ДУИ да ги имаат веќе во власта, вели лидерот на ДПА во интервјуто

Лидерот на Демократската партија на Албанците, Мендух Тали, во разговор за Гласот на Америка вели дека е задоволен што во Собранието бил донесен протоколот за членство во НАТО, како долгогодишна заложба на сите напредни сили во државата. Во однос на претстојните парламентарни избори и можните коалиции, тој вели дека најпрво ќе разговараат за коалицирање со македонската партија со која и сега се во коалиција, а тоа е СДСМ, но вели дека ако Социјалдемократите, сакаат да започнат разговори со нив, треба да имаат јасна порака дека не планираат ДУИ, да бидат дел од идната власт.

„Имаме проблеми како секоја држава што е во транзиција. Но јас сум позитивно расположен од завчера, кога донесовме конечна одлука да станеме членка на НАТО. И мислам дека тоа е фантастична вест за нас кои цело време работевме, некогаш и со грешки за да граѓаните ги водиме напред. За сите радикални и екстремни струи за 48 часа завршија нивните лоши соништа, без разлика од каде доаѓаат. Понатаму е јасно дека суверенитетот и интегритетот на нашата држава е во склоп на глобалните сигурносни системи како што е НАТО“, вели Тачи.

Тачи најавува дека од наредната недела почнуваат разговорите со СДСМ.

„Од следната недела мислам дека ќе започнат разговори со нашиот сегашен коалициски партнер СДСМ“, рече Тачи.

Дали е возможно да настапите коалициски и на самите избори?

„Не затворам врата и за такви разговори. Но, сигурно и тие и ние имаме наши предвидувања за ситуацијата. Мислам дека имаме уште време за тоа да разговараме. Инаку јасно е дека би претпочитале прво да разговараме со партиите со кои сме во коалиција, па после ќе видиме“.

Која партија ви е поблиска од македонскиот блок во моментот ВМРО ДПМНЕ или СДСМ?

„Погрешно ќе се сфати ако одговорам. Многу е јасно дека претседателот на СДСМ има огромни заслуги за ова што ни се случи и мислам дека поотворено можеме да разговараме за одредени проблеми кои ги имаме. Инаку познато е дека ДПА како политичка е партија, секогаш кога треба да се носат тешки одлуки, таа е секогаш тука“.

Политичката битка на следните избори ќе биде помеѓу ДУИ и ДПА. И ние имаме мислење, ако СДСМ, сакаат да почнат сериозни разговори со нас, треба да имаат јасни пораки дека не планираат ДУИ да ги имаат веќе во власта
Мендух Тачи, ДПА


Дали е можна коалиција помеѓу албанските партии кои се наоѓаат во опозиција?

„Овие избори би требало да произведат таков резултат за Албанците да немаат повеќе од две партии или помалку од две партии. Не верувам дека ќе има можности за такви коалиции. Наш опонент кој ние сакаме да го победиме и да ги однесеме во опозиција се ДУИ. Мислам дека е ненормално една политичка партија повеќе од 15 години да биде на власт. Тоа ќе им годи и на нив. Политичката битка на следните избори ќе биде помеѓу ДУИ и ДПА. И ние имаме мислење, ако СДСМ, сакаат да почнат сериозни разговори со нас, треба да имаат јасни пораки дека не планираат ДУИ да ги имаат веќе во власта“, изјави Тачи за Гласот на Америка.

Тачи додаде дека неговата партија ќе го подржи новиот закон за Јавно обвинителство.

XS
SM
MD
LG