Линкови за пристапност

Гласање во услови на пандемија: Излезноста поголема од ланските претседателски избори


Гласање со маски: Голема излезност на десеттите парламентарни избори
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:09 0:00

Гласањето се одвива претежно со почитување на мерките за заштита од вирусот и без позначајни нарушувања

Вториот бран на коронавирусот се одрази и на излезноста која покажува тенденција на помал одзив во однос на парламентарните избори 2016-та, но и поголема излезност во споредба со ланските претседателски избори.

„На сите 3480 избирачки места гласањето се одвива без проблеми. Се надевам дека така ќе продолжи, ги повикувам граѓаните да го остварат своето право“, рече Оливер Дерковски, претседател на ДИК.

МВР потврдува за неколку изолирани случаи на агитирање и нарушување на јавниот ред и мир.

„Гласањето на другите избирачки места се одвива мирно, со почитување на протоколите за гласање“, рече Тони Ангеловски, портпарол на МВР.

И невладините организации не алармираат за посериозни проблеми во денешниот изборен ден, трет во овие парламентарни избори. Вчера и завчера гласаа болните и изнемоштените, осудените лица и граѓаните заболени од ковид-19.

XS
SM
MD
LG