Линкови за пристапност

Зоран Заев за Гласот на Америка: Отворени сме за коалиција со сите партии, освен со ВМРО-ДПМНЕ


Навистина разговарав со владејачки и со опозициски партии. Сето тоа што значеше убедување, беше за гаранција дека сите предмети ќе ја имаат својата иднина, вели екс-премиерот за снимките што ги објави Милошоски

Ги почитувам сите со кои ги направивме големите реформи, ги донесовме големите одлуки за државата. Не само ратификацијата на Преспанскиот договор туку и во областите на правосудството, вели екс-премиерот Зоран Заев во интервју за Гласот на Америка во кое одговара на прашања поврзани со предизборните коалицирања, како и за аудио снимките што деновиве ги објави Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Заев за Гласот на Америка: Отворени сме за коалиција со сите политички партии, освен со ВМРО-ДПМНЕ
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:54 0:00

Глас на Америка: Дали и со која албанска партија СДСМ преговара за заеднички настап на претстојните избори и дали е точно дека се водат интензивни разговори со БЕСА?

„Ние имаме комуникација со сите политички партии. Мислам дека е рано. Следиме по медиумите дека се објавуваат одредени информации и тоа е поради тоа што одредени раководни структури на сите партии имаат разговори помеѓу себе во пресрет на изборите.

Верувајте се прават анализи. Кај нас во моментот траат постапките за внатре партиско кандидирање од месните одбори, општинските организации, па сè до централата.

Овие денови ќе биде формирана комисијата за селекцијата на кандидатите, а разговараме и да ги потврдиме коалициите со досегашните партнери. Веднаш штом ќе имаме некоја информација, ние ќе ја споделиме“.

Глас на Америка: Преговарате ли со БЕСА?

„Разговараме со сите партии. Не би можел да издвојам поединечно партија бидејќи навистина би било прерано. Сакаме сите разговори кои ги имаме со намера да се договориме, да успеат. Ако прерано ги коментираме, тоа може да одврати трета партија и самите партии со кои што преговараме“.

Глас на Америка: Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, пред неколку дена за Гласот на Америка изјави дека ако како СДСМ, сакате да почнете сериозни разговори со нив, треба да имате јасна порака дека не планирате да ги имате веќе ДУИ во власта.

Ќе разговараме со сите. Ние сме во состојба на коалициски партнери кои се дел од албанскиот блок, а дел се во опозиција. И Мендух Тачи и ДПА и Али Ахмети и ДУИ, се наши коалициски партнери


„Ќе разговараме со сите. Ние сме во состојба на коалициски партнери кои се дел од албанскиот блок, а дел се во опозиција. И Мендух Тачи и ДПА и Али Ахмети и ДУИ, се наши коалициски партнери. Така што сме внимателна пријателска политичка партија. Ќе внимаваме со нашите одговори.

Јас ги почитувам сите со кои ги направивме големите реформи, ги донесовме големите одлуки за државата. Не само ратификацијата на Преспанскиот договор туку и во областите на правосудството, сите економски закони, социјалните мерки што се донесени. До моментот, додека не се конечни одлуките, не би коментирал одредени детали, за да оставам простор за можна соработка со сите“.


Глас на Америка: Значи не исклучувате коалиција со албанска партија?

Имаме потенцијал за коалиција со сите политички партии освен со ВМРО ДПМНЕ. Така да верувам дека ќе го направиме тоа што е најдобро и најприфатливо за сите


„Не исклучувам. На неколку пати кажав. Ние можеме, така сме поставени со нашиот наратив, да коалицираме со сите, па дури и со партиите што се претставници на етничките заедници.

Од помалку бројните етнички заедници имаме огромна поддршка и тие се 10% во нашата земја. Секако со албанските политички партии со сите до еден. Имаме потенцијал за коалиција со сите политички партии освен со ВМРО ДПМНЕ. Така да верувам дека ќе го направиме тоа што е најдобро и најприфатливо за сите. Ги правиме анализите, како ќе реагираат граѓаните, дали тоа носи додадена вредност. Сакаме да правиме исчекори во духот на едно општество за сите и согласно тоа ќе ги носиме одлуките“.

Глас на Америка: Како ја коментирате последната снимка во која се слуша вашиот глас и изјавите на опозицијата дека уште имаат такви снимки?

„Сè што имаат треба да објават и да пријават во Јавното обвинителство. СДСМ даде свој коментар и дури јас дадов одговор на вака актуелно прашање.

Навистина разговарав со владејачки и со опозициски партии. Сето тоа што значеше убедување, беше за гаранција дека сите предмети ќе ја имаат својата иднина


Ние немаме што да криеме. Јас сум транспарентен. Навистина разговарав со владејачки и со опозициски партии. Сето тоа што значеше убедување, беше за гаранција дека сите предмети ќе ја имаат својата иднина, без разлика како се одвивала дискусијата на врховни судии, на апелациски судии, толкувањата кои се случувале, работата на СЈО.

Ако сме навистина државотворни политичари сите, обврска беше на сите, да го гарантираме процесот на донесување на правдата, односно на правните одлуки по сите случаи, дали се тоа истраги, предистраги, обвинителни акти, дали се веќе започнати судски процеси и слично. За жал немаа сите капацитет во државата.

ВМРО-ДПМНЕ, беше контра тоа, со единствена причина, сакаат да се заштитат од одговорност и тоа е веќе јасно на сите во нашата земја. Но сум среќен што државата покажа државотворен капацитет. Во очи на изборите, се собраа 80 пратеници, кои со силна верба во правната држава, дадоа сериозен исчекор во еден од последните закони од правосудството“.

XS
SM
MD
LG