Линкови за пристапност

Федералните обвинители почнаа истрага против Џулијани


Џулијани е личен адвокат на Доналд Трамп и се смета за една од клучните фигури во процесот за импичмент на претседателот на САД

Федералните обвинители почнаа истрага за Руди Џулијани, личниот адвокат на претседателот Доналд Трамп, објавува „Блумберг“.

Според објавата, обвинителите го истражуваат неговото финансиско работење, како и неговиот ангажман во странство.

Џулијани е поранешен градоначалник на Њујорк, а денес е клучна фигура во истрагата за импичмент на Трамп. Законодавците разгледуваат каква била неговата улога во можните притисоци врз украинските власти да почнат истрага против еден од ривалите на Трамп.

Мими Рока, поранешна федерална обвинителка, во изјава за „Блумберг“ рекла дека нема да биде изненадена ако биде покренато обвинение против Џулијани.

XS
SM
MD
LG