Линкови за пристапност

Германија го презеде раководењето со ЕУ, нови ветувања за преговорите за членство


Би инсистирале за време на нашето претседавање со Советот да се одржат меѓувладините конференции со двете земји, рече германскиот министер за надцорешни работи

Со подигањето на знамето на германското претседателство, симболично се означи почетокот на 6-месечното раководење на Берлин со Европската Унијата. Очекувањата кај земјите-членки се големи од клучната европска економија која го презема претседавањето во екот на коронакризата - како и до кој степен ќе успее да ги ублажи ефектите од пандемијата. Но, очекувањата се големи и од Скопје и Тирана кои се надеваат дека токму за време претседавањето на Германија, еден од најголемите поддржувачи на проширувањето, ќе се одржат меѓувладините конференции – засега неизвесна опција поради ситуацијата со заразата.

Германија го презеде раководењето на ЕУ, нови ветувања за преговорите за членство
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:55 0:00


Берлин, кој поради ковид-19, мораше да ја модифува својата првична програма, сепак не ги заборави преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија.

„Бараме кредибилна перспектива за пристапување на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Нивното приближување кон Европската унија е во интерес и на регионот и на ЕУ. Aктивно ги засилуваме тековните преговори со Србија и Црна Гора и се подготвуваме за почеток на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија со изготвување на рамката за преговори за овие две земји, земајќи ја предвид новата методологија за проширување“ - се вели во програмата на германското претседателство.

Сакаме да се надоврземе на таа одлука и би инсистирале за време на нашето претседавање со Советот да се одржат меѓувладините конференции со двете земји
Хајко Мас, Министер за надворешни работи на Германија


Тоа денеска го повтори и шефот на дипломатијата Хајко Мас на примопредавањето на претседателството од Хрватска.

„За нас е важен фактот дека се донесе одлука за старт на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија за време на хрватското претседателство. Ние сакаме да се надоврземе на таа одлука и би инсистирале за време на нашето претседавање со Советот да се одржат меѓувладините конференции со двете земји“, рече Мас.

Со сличен став и Гордан Грлиќ, министерот за надворешни работи на Хрватска.

„Мило ни е што Германија ќе ја продолжи оваа тема за време на нејзиното претседавање“, истакна Грлиќ.

Овие силни политички пораки пратени на денот на германското преземање на претседавањето со Унијата не наидоа на реакција во земјава – Северна Македонија е во екот на изборна кампања.

XS
SM
MD
LG