Специјалната полиција на Грузија се судри со демонстранти кои излегоа на протести против рускиот парламентарец Сергеј Гаврилов кој имаше свое обраќање од собраниската говорница на Грузискиот парламент.
Полицијата употребила солзавец и гумени куршуми за да ги разбие демонстрантите кои се обиделе да влезат во парламентот.
Според грузискиот владин портпарол, биле повредени 39 полицајци и 30 демонстранти. Во текот на судирите демонстрантите успеале да пробијат дел од полициските барикади.
Поради случувањата, рускиот пратеник не го довршил своето обраќање од говорницата.
Русија и Грузија се судрија воено во 2008 година за статусот на грузиските републики Абхазија и Јужна Осетија. Москва ги призна овие републики за независни држави.
Мнозинството Грузијци ги гледаат Русите како окупатори и сметаат дека власта не е доволно цврста во односите со Москва.