Линкови за пристапност

Велосипедисти возеа и донираа за децата од СОС Детско село

Под мотото „Сите деца се наши деца“ речиси стотина велосипедисти од цела држава учествуваа на хуманитарна велосипедска тура околу Охридското Езеро.

Настанот беше организиран од страна на здружението „Macedonian Bike Riders“, во коорганизација со СОС Детско село. Секој од учесниците, на доброволна основа, донираше средства, чија намена е да се обезбеди летување за шеесетина деца од СОС Детско село во домашните одморалишта.

Велосипедистите турата ја почнаа од Охрид, по што се упатија кон Струга и Албанија, преку граничниот премин „Ќафасан“. Од таму поворката продолжи кон Поградец, и продолжи кон “Свети Наум“ и Охрид, како крајна дестинација. Учесниците извозеа повеќе од 90 километри во името на децата без родители.

Од СОС Детско село велат дека ќе продолжат и во иднина да соработуваат со спортски здруженија, а со цел да се организираат настани со кои би се обезбедиле средства за грижата за децата кои останале без родителска грижа, како и за зголемување на свеста на општеството за потребата од внимание кон тие деца.

XS
SM
MD
LG