Првите 100 професионални војници беа примени денеска во армијата после целосното воено интегрирање на Северна Македонија во НАТО. Церемонијата се одржа во касарната „Алексо Демниевски - Бауман“ во Велес.
„За вас тоа е чест, а за нас е одговорност за да направиме се за вие да можете да го дадете својот максимум... Станувате дел од семејство чија основна задача е да даде поддршка на секој наш граѓанин, да ја чува и брани татковината“, рече министерката за одбрана, Радмила Шекеринска во обраќањето до новите професионални војници.