Линкови за пристапност

Во Битола оживеа староградскиот дух од времето на браќата Манаки

Староградскиот дух на Битола се разбуди со група млади лица кои облечени во автентична облека од почетоците на дваесеттиот век се движат низ препознатливиот Широк сокак ги поздравуваат минувачите.

Битола деновиве го живее времето на браќата Манаки. Староградскиот дух на градот се разбуди со група млади лица кои облечени во автентична облека од почетоците на дваесеттиот век се движат низ препознатливиот Широк сокак ги поздравуваат минувачите. Жителите и гостите во градот можат во живо да видат како изгледал животот низ битолските сокаци во времето кога браќата Милтон и Јанаки Манаки со својата камера го овековечувале тогашното секојдневие. Оваа своевидна улична претстава се одвива во рамките на офф-програмата на фестивалот „Браќа Манаки“ што ќе трае до 21 овој месец.

XS
SM
MD
LG