Линкови за пристапност

Тимоние за недобивањето датум: Да не се даваат надежи како да се веќе исполнети


Некои дадоа ветувања, а после ја префрлија грижата на други за да ги исполнат, рече францускиот амбасадор Кристијан Тимоние кој во Скопје ја објаснуваше одлуката на претседателот Макрон да не даде зелено светло за почеток на преговори

Го чувствувам разочарувањето на граѓаните овде и тоа го пренесов во Париз, вели Кристијан Тимоние во првиот јавен настап откако неговиот претседател реши да не се согласи Македонија годинава да добие датум за старт на преговори за членство во ЕУ.

На прес-конференцијата, чија цел беше да се оправда потегот на Емануел Макрон, но и да се превенира поголемо незадоволство на домашната јавност, францускиот амбасадор на долго и на широко ги објаснуваше причините за епилогот на Самитот во Брисел. Според него, се давале ветувања, пред работата да биде завршена.

Некои дадоа ветувања, а после ја префрлија грижата на други за да ги исполнат. Сега и тие треба да сносат дел од одговорноста
Кристијан Тимоние, Француски амбасадор


„Некои дадоа ветувања, а после ја префрлија грижата на други за да ги исполнат. Сега и тие треба да сносат дел од одговорноста. Јавното мислење беше подготвено за позитивна одлука, што пак беше притисок врз земјите-членки. Во јуни требаше да се разговара за текот на реформите, а во текот на летото се подигнаа очекувањата дека одлуката на членките ќе биде компензација за Преспанскиот договор. Се случи чудна промена на перспективите – од исполнување на конкретни задачи со геополитички аспекти, таков беше случајот со некои од нашите партнери во Унијата. Ме прашувате дали има шанси да се промени ставот на претседателот Макрон. Ништо не е затворено и ништо не беше затворено на неговата прес-конференција“, рече Тимоние пред новинарите.

Вели дека од ова треба да се извлече поука - да не се даваат надежи како веќе да се исполнети. Објаснува дека од една страна се емоциите, а од друга се политичките разговори за иднината на ЕУ.


„Морам да ви признаам дека се отвора прашањето за нашето внатрешно функционирање, точно е дека идеите не се јасни, особено за идното функционирање на ЕУ... Што значи проширување, како ќе се направи. Зошто? За да не се најдеме во процес да го правиме она што сме го правиле и само да и додаваме нозе на стоногалка која и онака тешко се движи на меѓународната сцена“, истакна амбасадорот.

Порача дека нема гаранции дали и што ќе биде направено пред самитот во Загреб до кој Унијата пак треба да се наврати на прашањето за датум. Очекува реформите да продолжат, оособено во судството и во разузнавачките служби, иако вели дека е свесен дека поради претстојните избори темпото може да забави.

Тимоние за недобивањето датум: Некои дадоа ветувања, па грижата ја префрлија на други
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:06 0:00

XS
SM
MD
LG