Туристите со авантуристички дух добија нова атракција во Париз. На Ајфеловата кула, на височина од 115 метри е поставен зиплајн што ги спушта посетителите со брзина од речиси 90 километри на час.
Патеката е долга осумстотини метри, почнува од вториот кат на Ајфеловата кула и завршува во Воената школа. Целата должина се поминува за една минута, што оваа атракција ја прави примамлива само за тие што не се плашат од висина и од големи брзини.
Возењето е бесплатно, а билетот се добива преку онлајн лотарија. Атракцијата ќе биде достапна до средината на јуни, а се поклопува со одржувањето на тенискиот турнир Ролан Гарос и со 130 годишнината од отворањето на Ајфеловата кула.