Линкови за пристапност

Илјадници луѓе дојдоа на погребот на загинатите руски нуклеарни научници


Петмината настрадале во експлозија за време на тестирањето на нов нуклеарен погон

Повеќе илјади луѓе присуствуваа на погребите на петмината руски нуклеарни научници што загинаа во експлозија за време на тестирањето на нов нуклеарен погон.

Петмината беа погребани во Саров, затворениот руски град што од крајот на четириесеттите години од минатиот век служи како центар за развој на руската нуклеарна програма.

Експлозијата се случи минатиот четврток, на полигонот на руската морнарица во Архангелск.

Руското министерство за одбрана првично соопшти дека во хаваријата загинале двајца, а шестмина се повредени. Сепак, подоцна Агенцијата за атомска енергија, Росатом, потврди дека петмина нивни вработени загинале, а тројца се повредени.

Експлозијата била проследена и со триесетминутен бран од радијација во Северодвинск, град на 40 километри источно од полигонот за тестирање. Според официјалните соопштенија, радијацијата немала последици по здравјето на луѓето.

Сепак, од руското министерство за одбрана се категорични дека немало радиоактивно зрачење, а не го откриваат ниту видот на ракетата што експлодирала.

XS
SM
MD
LG