Линкови за пристапност

Топлотен бран од Сахара ја вжешти Европа


Рекордни температури повисоки од 40 степени се измерени во повеќето западноевропски градови

Топла воздушна маса од Сахара покри повеќе подрачја во Европа и ги искачи температурите на рекордно високи нивоа.

Во Париз температурите достигнаа рекордни 41,7 степени Целзиусови и го надминаа децениски стариот максимум од 40,4 степени измерени во градот во 1947 година.

Месец јуни во Франција се покажа и како најтопол досега, при што беа измерени 47 степени.

Рекордно најтопол ден беше измерен и во Холандија, каде температурите денеска достигнаа 41,7 степени. Еден ден претходно таму беа регистрирани 40 степени Целзиусови.

Со топлотен бран се соочува и Германија, каде температурите денеска достигнаа рекордни 40,5 Целзиусови степени. Претходниот рекорд беше постигнат на 5 јули, кога беа измерени високи 40,3 степени.

Топлотниот шок во Белгија беше обележан со температурен максимум од 40,6 степени.

Голем дел од градбите во Европа немаат системи за разладување, односно според извештаите, само пет проценти од домовите имаат климатизација.

Голем дел од железничките линии се откажани, а властите им препорачуваат на граѓаните да останат во свежи простории.

Очекувањата се дека температурите деновиве и натаму ќе растат низ Европа.

XS
SM
MD
LG