Линкови за пристапност

Експерти: Француската методологија за проширување на ЕУ не дава голема надеж


Експерти: Француската методологија за проширување на ЕУ не влева надеж
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:49 0:00

Експерти: Француската методологија за проширување на ЕУ не влева надеж

Методологијата на Франција претставува, практично рециклажа на се она што досега е понудено од процесот на стабилизација и асоцијација па наваму и не содржи некои поттикнувачки елементи, вели Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европска политика

Предлог-француската методологија за реформи во проширувањето на ЕУ, за сега не дава голема надеж за Северна Македонија, вели, Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европска политикa, за која нема ниту поцврсто ветување, дека наскоро ќе добиеме датум за почеток на преговорите. Според неа, очигледно е дека Франција нема политичка волја да вети пристапување, останувајќи на формулацијата „перспектива за членство“ од Солунската агенда од 2003 година.

„Ќе видиме во која мера тоа ќе го измени комисијата и другите земји членки бидејки тие имаат предлог, постепеното пристапување по области на политики да не биде сукцесивно туку да може да биде паралелно, бидејки се отвараат по едно до две поглавја.Тој елемент би требало да се елеминира бидејки е спротвен и со сегашната правна рамка која ја имаме со ЕУ“, вели Ристевска Јорданова.

Таа додава дека е неизвесно дали предлогот на Комисијата ќе биде усвоен од страна на земјите членки на Унијата до мај следната година, до самитот во Загреб. Затоа вели е важно донесувањето на новата методологија да се одвои од одлуката за отпочнување на преговорите со Северна Македонија. Она што овој документ го содржи смета дека е практично рециклажа на се она што досега е понудено од процесот на стабилизација и асоцијација па наваму и не содржи некои поттикнувачки елементи.

„Дури во некои елементи е и спротивна со Спогодбата за стабилизација и асоцијација, како на пример предлогот за последен влог во пристапувањето да биде внатрешниот пазар, што според сегашната Спогодба, Македонија имаше обврска да го усогласи законодавството потполно во втората фаза“.

Универзитетскиот професор, Јове Кекеноски, вели дека како поминува времето се повеќе е песимист дека земјава наскоро ќе ги отпочне преговорите.

„Чинам дека ставот на францускиот претседател Макрон е доста ригиден во тој сегмент и второ што оваа негова иницијатива кој тој ја даде, на кој начин би требало да се реформира ЕУ, сè уште ја немаат разгледано останатите земји членки на ЕУ и тука мислам дека ќе се кршат копјата“.

Oд Европското движење на Република Северна Македонија очекуваат дека ќе има промени во однос на проширувањето, како што тоа било случај последните десет години.

„Претходните две држави влегоа под едни критериуми, а критериумите за Хрватска беа веќе променети, односно беа воведени нови поглавја. Методологијата е таа и се менуваат нештата зошто ЕУ е една динамична структура. Таа и сега се менува во активниот момент и го менува ставот и кон проширувањето, но е лошо што токму ние се најдовме во таа ситуација“.

Земјава во евроинтеграцискиoт процес се движеше доста летаргично вели Ѓуровска. Според неа, ако бараните обврски беа завршени порано, тогаш сигурно вели немаше да дојдеме до оваа ситуација.

XS
SM
MD
LG