Линкови за пристапност

Долгогодишниот новинар Елез Биберај е назначен за в.д. директор на Гласот на Америка


Биберај беше директор на Евроазискиот оддел на Гласот на Америка од 2006 година, одговорен за емитување на програмата во Русија, Украина, Ерменија, Грузија и на Балканот

Агенцијата за глобални медиуми на САД, го назначи долгогодишниот новинар Елез Биберај, за вршител на должност директор на Гласот на Америка.

Биберај беше директор на Евроазискиот оддел на Гласот на Америка од 2006 година. На таа функција, тој беше одговорен за емитување на програмата во Русија, Украина, Ерменија, Грузија и на Балканот.

Претходно тој беше главен на Албанската редакција во Гласот на Америка.

Биберај, преку имејл до вработените, се осврна на неговата лична историја како бегалец, имигрант во САД, и на речиси 40-годишната новинарска кариера во Гласот на Америка.

„Нашата мисија денес е многу поважна од кога било претходно. Гласот на Америка има уникатна позиција да ја пренесе американската приказна, перспективата на САД, и да служи како модел за слобода на печатот“, напиша тој.

Биберај е доктор по политички науки на универзитетот на Колумбија, и на чело на Гласот на Америка доаѓа во време на зголемен јавен интерес за независноста на уредувачката политика на Агенцијата.

„Ќе направам секаков обид да осигурам да нема политичко мешање, како што нашата публика тоа го очекува“, рече Биберај.

Извршниот директор Мајкл Пек, назначи в.д. директори и на други медиумски агенции, финансирани од Владата на САД.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG