Линкови за пристапност

Отворени нови 225.000 работни места во САД во јануари


Половина милион луѓе барале работа во првиот месец од годинава, но вработување не добиле сите. Невработеноста од 3,5% во декември, скокнала на 3,6% во јануари

Нови 225.000 вработувања имало во САД во јануари, објави американскиот Оддел за труд. Според податоците, половина милион луѓе барале работа во првиот месец од годинава, но вработување не добиле сите.

Невработеноста во земјата, пак, од 3,5% во декември, скокнала на 3,6% во јануари.

Петочниот извештај покажува дека економијата и натаму следи растечки тренд. Невообичаеното топло време во овој период од годината придонело за повеќе вработувања во градежништвото. Само во јануари градежните компании вработиле 44.000 лица.

Според податоците, американските граѓани купуваат повеќе недвижнини, а конструкцијата на нови домови во декември пораснала на највисоко ниво во последните 13 години.

Предвидувањата се дека економскиот раст ќе изнесува 2% во првите три месеци од оваа година.

XS
SM
MD
LG