Линкови за пристапност

Сан Франциско ги забранува електронските цигари 


Поддржувачите на оваа забрана велат дека била неопходна поради „сериозните последици врз здравјето“

Сан Франциско донесе одлука за забрана на електронските цигари. Тоа ќе биде првиот американски град што ја забранува нивната продажба, а одлуката ќе биде на сила додека не биде разјаснето нивното влијание врз здравјето на луѓето.

Градските власти вчера едногласно изгласаа одредба со која се забранува продажбата на електронските цигари што овозможуваат вдишување на никотин. Одредбата може да биде повлечена само доколку федералните здравствени власти го одобрат користењето на овие цигари.

Поддржувачите на оваа забрана велат дека била неопходна поради „сериозните последици врз здравјето“ и поради драматично зголемената употреба на овие цигари од страна на младите.

Сепак, критичарите, сметаат дека забраната уште повеќе ќе ја влоши ситуацијата за пушачите коишто бараат замена за традиционалните тутунски производи.

Електронските цигари беа промовирани како моќна алатка за откажување од пушењето. Сепак, истражувањата не ги потврдија таквите очекувања.

XS
SM
MD
LG