Линкови за пристапност

 
Напаѓања, одбрани, различни ставови: Кој што кажа на дебатата меѓу демократските кандидати

Напаѓања, одбрани, различни ставови: Кој што кажа на дебатата меѓу демократските кандидати


Масовни пукања, имиграција, здравствен систем, надворешна трговија беа дел од темите на кои десетмина демократски претседателски кандидати кршеа копја на првата вечер од втората рудна дебати

На прашања поврзани со здравственото осигурување, масовните пукања, имиграцијата, надворешната трговија и на различни други теми зборуваа демократските претседателски кандидати на вчерашната дебата што се одржа во Детроит.

Тоа беше прва вечер од втората рунда дебати, а учествуваа десетмина од повеќе од дваесет кандидати од редовите демократите кои се надеваат да влезат во трката за претседателските избори во 2020 година.

Дел од кандидатите имаа слични ставови, а некои целосно се спротивставија едни на други. Во продолжение се цитатите од секој од кандидатите.

Стив Булок - со лична приказна за оруженото насилство: Имам оружје и како многумина во Америка, одам на лов. Лично го искусив оруженото насилство. Имав внук кој на 11 години беше застрелан на игралиште. На ова не треба да гледаме како политичко прашање, туку да го гледаме исто како проблемот со јавното здравство.

Пит Бутиџеџ - за критиките дека слабо се справил со расното насилство:
Не велам дека расизмот и криминалот поврзан со сиромаштијата исчезнаа во мојот мандат (градоначаник на Саут Бенд, Индијана). Но, се справивме со предизвиците така што го насочивме вниманието кон афро-американските соседства кои беа инвестициски занемарени.

Џон Дилени – критики кон плановите на сенаторите Ворен и Сандерс за здравствена заштита:
Тоа е лоша политика. Ќе ја ослаби индустријата (со здравствена заштита), многу болници ќе се затворат... Патот по кој водат сенаторите Сандерс и Ворен е лоша политика со невозможни ветувања за здравствена заштита за сите.

Џон Хикенлупер – вербален напад врз идеите на Сандерс:
Со таквите политики, вие ќе им го одземете приватното здравствено осигурување на 180 милиони Американци. Но, колкумина од нив сакаат да се откажат од тоа, а колкумина не сакаат.

Ејми Клобушар – за проблемите со инфраструктурата и водата за пиење:
Инфраструктурата е главен проблем, а најмногу го чувствуваат тие што се заглавени во сообраќајот. Верувам дека ќе одиме во насока на инфраструктурата и на климатските промени.

Бето О’Рурк – за декриминализација на нелегалното преминување на границата:
Очекувам дека луѓето што доаѓаат овде, ќе ги следат нашите закони, а ние ќе го ставиме во резерва правото за нивно кривично гонење.

Тим Рајан – делумно согласен со Трамп за царинските тарифи кон Кина:
Кина долго го злоупотребуваше економскиот систем. Тие крадат интелектуална сопственост. Тие го еродираа производството. Треба да ѝ се одговори на Кина.

Берни Сандерс – уморен сум од стравот на демократите од големи идеи:
Да се освојат овие избори и да се победи Трамп, што нема да биде лесно, потребна ни е кампања полна со енергија и визија... Уморен сум од стравот на демократите од големи идеи. Републиканците не се плашат од големи идеи.

Елизабет Ворен – За употребата на нуклеарното оружје:
САД нема да го користат нуклеарното оружје превентивно. Тоа треба да му го кажеме на светот. Тоа ја намалува можноста некој да нè разбере погрешно. Нашата главна одговорност е нашата безбедност.

Мериен Вилијамсон – 500 милијарди долари репарација за потомците на африканските робови:
Мора да го признаеме јазот што на економски план постои меѓу црните и белите во Америка. Тоа е последица од големата неправда со која никогаш се немаме справено целосно.

XS
SM
MD
LG