Линкови за пристапност

Многу тинејџери во САД користат електронски цигари иако им се забранети 


Нова студија покажува дека лани во секое петто училиште во земјата, имало пријави дека ученици користеле електронски цигари

Нова студија објавена во публикацијата Американска академија за педијатрија покажува дека многу тинејџери кои употребуваат електронски цигари не знаат за адиктивноста на никотинот што го вдишуваат.

Е-цигарите содржат никотин, но немаат катран и многу од другите супстанци на традиционалните цигари, што ги прават смртоносни.

Електронските цигари го претвораат течниот никотин во пареа што лесно се вдишува.

Во САД е забранета продажба на овие цигари на лица под 18 години. Но, студијата покажува дека лани во секое петто училиште во земјата, имало пријави дека ученици користеле електронски цигари.

XS
SM
MD
LG