Според официјалните информации од кинеските здравствени институции, во градот Вухан се регистрирани нови 163 случаи на корона вирусот. Регионалната Здравствена комисија соопшти дека вкупниот број на заболени се искачил на 200, вклучувајќи ги и двата нови случаи во Пекинг и еден во Шенжен, во јужна Кина. До сега се регистрирани три смртни случаи како последица од вирусот.
Здравствените работници во градот Вухан засилено работат на откривање сомнителни случаи на пневмонија. Тамошните здравствените власти укажуваат дека е неопходна претпазливост, но велат дека нема место за паника.
Од Центарот за здравствена превенција во Вухан велат дека симптомите засега се мали и дека можноста за појава на епидемија е под контрола. Од 763 лица што биле под опсервација, 681 веќе се пуштени дома.
Од Светската здравствена организација вчера соопштија дека пренесувањето на вирусот од човек на човек е лимитирано, но и натаму не препорачуваат патување во Кина.
Кинеските здравствени власти засега немаат целосни сознанија за начинот на кој се пренесува вирусот. Сомнжените се дека вирусот се појавил на пазарот за морска храна во Вухан. Но, некои од пациентите истакнале дека никогаш не биле на пазарот.
Американскиот центар за здравствена контрола и заштита почна да ги проверува патниците што доаѓаат од Вухан. Превентивните мерки се вовоедени на аеродромите во Њујорк, Сан Франциско и во Лос Анџелес. Истата здравствена проверка се прави и на аеродромоите во Јапонија, Јужна Кореја и во Сингапур.
Најголема грижа за здравствените работници е претстојната Лунарна Нова Година, кога голем број од кинеските граѓани патуваат во земјата и во странство.