Претседателот Доналд Трамп се закани дека повторно ќе ги зголеми царините за увозот од Кина, доколку кинескиот претседател не седне на разговори со него за трговските проблеми.
Трамп истакна дека очекува да се сретне со Кси Џинпинг во Осака, Јапонија, во рамките на самитот на Г20, што треба да се одржи кон крајот на јуни. Сепак, од страна на официјален Пекинг нема потврда за средбата.
„Верувам дека претседателот на Кина, со кого имам одлични односи, ќе биде таму. Треба да разговараме и да се сретнеме. Мислам дека интересни работи ќе се случат“, рече Трамп.
Американскиот претседател додаде дека ќе воведе нови покачувања на царините за увоз на кинески стоки во вредност од 325 милијарди долари, доколку Џинпинг ја избегне средбата.