Линкови за пристапност

Трамп: Трговските преговори со Кина се одвиваат во добра насока


Неделава во Вашингтон продолжија разговорите за царинските тарифи во трговската размена меѓу двете земји

Трговските преговори со Кина се одвиваат во добра насока, истакна претседателот Доналд Трамп откако неделава во Вашингтон продолжија разговорите за царинските тарифи во трговската размена меѓу двете земји.

Според Трамп, нема магичен датум кога треба да биде постигнат договор. Сепак, рокот што тој го постави за покачување на царинските тарифи за кинеските производи е 1 март, а ќе стартува доколку преговарачките страни не изнајдат меѓусебна согласност.

Ако не биде постигнат договор, царините за кинеските производи што влегуваат во САД ќе бидат покачени за 25 проценти.

„Знам дека Кина не би сакала да дојде до тоа. Сепак, да видиме што ќе се случи“, рече Трамп пред новинарите во Белата куќа.

XS
SM
MD
LG