Линкови за пристапност

Мораториум на смртната казна во Калифорнија  


Се очекува гувернерот Гавин Њусом да објави дека „дека намерното убивање, на друг човек, е погрешно“

Гувернерот на Калифорнија планира да објави мораториум за извршување смртна казна. Се очекува гувернерот Гавин Њусом да објави дека „дека намерното убивање, на друг човек, е погрешно“.

Тој претходно наведе случаи на невини осуденици за криминални дела коишто не ги извршиле, а понекогаш, биле егзекутирани. Ниту еден од 737 затвореници кои што чекаат на извршување на смртната казна нема да бидат ослободени. Калифорнија последен пат изврши погубување на затвореник во 2006-та, со смртоносна инјекција.

Групите за заштита на човековите права ја поздравија одлуката на гувернерот Њусом.

XS
SM
MD
LG