Линкови за пристапност

Балканска скара среде Вашингтон


Вашингтон, девет часот наутро. Бранислав е веќе во неговата подвижна кујна и ја пали скарата. Ќебапите, приготвени претходната ноќ, први одат на огнот. По нив местото на скарата го заземаат плескавиците

Вашингтон, девет часот наутро. Бранислав е веќе во неговата подвижна кујна и ја пали скарата. Ќебапите, приготвени претходната ноќ, први одат на огнот. По нив местото на скарата го заземаат плескавиците. Тука се и лепчињата.

Сè е приготвено свежо и е измесено рачно, по домашен рецепт, вели Бранислав. Приоритет му е, вели, постигнување оригинален балкански вкус.

Балканска скара среде Вашингтон ги привлекува минувачите
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:38 0:00

„Се обидувам ова да го правам на наш начин. Лепињата ги правам сам, како и сè друго што можам. За ќебапите купувам месо, го мелат како што ќе им побарам, а потоа ги приготвувам. Истото го правам и за плескавиците, за вкусот да биде најблизок до нашиот“, вели Бранислав Павиќ, сопственик на камионот-ресторан.

Во САД купување ручек од малите камиони-ресторанчиња не е новина. Напротив, во делови на градот каде има многу бизнис згради улиците се покриени со нив. Бранислав со неговиот камион-ресторан веќе година и пол е низ улиците на Вашингтон. Задоволен е од побарувачката, и муштериите веќе знаат да бараат покрај бурек и баклава, и полнети пиперки, сарми, мусака, грав.

„Сакам да купувам од овој камион за храна. Имам престојувано на Балканот, во делови од Србија и Босна и ми се допадна тамошната храна. Се израдував кога дознав дека има камион во кој се нуди таа храна“, вели Тим од Вашингтон.

Кога дошол во САД, Бранислав работел како спасувач во базени. Но отсекогаш го привлекувало готвењето и решил да се обиде во таа професија. Завршил курс за готвач и нашол работа во ресторан.

Тоа го охрабрило да се осамостои. Вложил во купување на мал поштенски камион што го адаптирал за оваа намена. Подвижниот ресторан го нарекол Фром Скреч, што значи почеток од нула.

„Ништо и никаде не е лесно, но овде можностите се неограничени и ако човек сака да работи, може да направи многу“, вели Бранислав.

Негови муштерии се луѓе од Балканот, но и Американци кои никогаш не биле во регионот. Сите, вели тој, се привлечени од автентичниот вкус.

„Првата зима беше тешка. Не ме знаеја мене, не ја знаеја храната. Сега забележувам дека доаѓаат многу повеќе Американци“, објасни Бранислав.

Стив е еден од редовните муштерии на Бранислав. Има сопруга од Србија и вели дека ја обожава Балканската кујна.

„Многу сакам бурек. Ќебапите се исто така многу добри, и слатките. Не им ги паметам имињата, но мислам дека се принцес крофни. Сè има одличен вкус“, вели Стив.

Американскиот сон е остварлив, вели Бранислав. Има предизвици, но нагласува дека не е тешко ако го сакаш тоа што го правиш. Така и миризбата на балканската скара од неговиот камион станува сè попрепознатлива за жителите во Вашингтон.

XS
SM
MD
LG